Вести Свет Топ вести

Уште еден руски опозиционер осуден на 25 години затвор

Рускиот суд го осуди на 25 години затвор опозицискиот политичар Владимир Кара-Мурза поради предавство и други обвиненија поврзани со критиките на војната во Украина.

Поранешниот руско-британски новинар и политичар е уште еден од противниците на рускиот претседател Владимир Путин, кој заврши во затвор.

Кара-Мурза ги отфрли обвинувањата и упати критика кон судскиот процес.

Стојам зад секој збор што го кажав. Не само што не жалам за ништо, туку и горд сум на се што кажав и направив, изјави Кара-Мурза минатата недела пред судот во Москва, додавајќи дека судскиот процес  потсетува на судењата на Сталин во 30-тите години од минатиот век.

Кара-Мурза (41) со години се спротивставува на политика на Путин и лобираше кај странските влади и институции да воведат санкции кон Русија и Руси за наводно кршење на човековите права.

Тој беше обвинет за предавство и дискредитација на руската војска, откако ја критикуваше, како што Москва ја нарекува „специјална воена операција“ во Украина.

Според руските закони за дискредитација на руската армија предвидена е казна до пет години затвор, додека ширењето намерно лажни информации за армијата може да се казни со затвор до 15 години.

Криминалците треба да се покаат за она што го направиле. Јас, пак, сум во затвор поради моите политички ставови. Знам дека ќе дојде ден кога ќе исчезне темнината над нашата земја, наведе Кара-Мурза за време на судењето.

Во руското оружје пронајдени се делови од Кина, обвинува Украина

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Економската директорка на Токсикологија Бесија Иљази им забранила на вработените да даваат изјави за медиумите

Дејан Дејан

МВР e дел од кампањата Амбер Алерт Европа за подигање на свеста за брза реакција при исчезнување на дете

Дејан Дејан

Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија Скопје – Крф

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе