Вести Македонија Топ вести

Пенали или трошоци – лаги или кривично дело- Сумите за трошоци ако не се донесат законите за Бехтел и Енка повод за обвинувања мегу власта и опозицијата

Според  премиерот опозицијата шири невистини. Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ, власта прави кривично дело. За владата се трошоци за опозицијата пенали. Дали се точни милионските суми кои ги објави опозицијата – На какви трошоци се обврзала Владата доколку Собранието не го донесе пакетот т.н Бехтел и Енка.  Ковачевски не откри и тврди декас од ВМРО ДПМНЕ прават хистерија

Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Николовски, претходно изјави дека ако  законски не се зголеми  работното време односно од 40 часа на 60 часа, државата ќе плаќа пенали од три вида кон Бехтел, (еднократно 53 милиони евра, секој месец 1 милион 265 илјади евра и дополнителни 900 илјади евра). Денеска  пишува дека според договорот дури и да се донесе законот после 45 дена сумата од 53 милиони евра ќе мора да се плати!

Владата во вчерашниот одговор потврди дека ако не се донесат законите во во тој случај коридорите 8 и 10  ќе се градат подолго од 5 години и државата ќе има обврска да ги исплаќа трошоците за изградба во дополнителните години градежни работи.

Мицкоски вели дека со обврските што ги преземале ја ставивле државата во подредена положба и за тоа треба да одговараат.

  • Сега излегуваат со некакви соопштенија каде што велат дека не се та пенали, туку биле дополнителни трошоци. Човек да не може да се изначуди на нивната глупост на отворена сцена.  Затоа го имаме Пендаровски кој во улога на аналитичар се служи со народни мудрости, наместо да каже што ќе преземе. Јас го повикувам да не се крие позади Собранието и да излезе да се одважи и тие законски решенија кои ќе дојдат кај него да не ги потпише – Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Дали е во духот на доброто владеење државата да го зголемува работното време за работниците на Коридорите особено после одуката на уствен кој еднаш укина слична зкаонска одредба, вицепремиерката Грковска одговорот го очекува од другитеи нституции.

  • Сакам да ги повикам сите надлежни институции да го разгледаат од сите можни аспекти и доколку се утврди дека има било каков проблем кој може да задира во уставноста или во контрадикторност со други закони или други права ги повикувам сите да се најде решение кое ќе биде прифатливо за сите, во функција на исполнување на стратегиските и национални приоритети – Славица Грковска, вицепремиер за добро владеење.

Вицепремираката Грковска ќе провервуа зошто договорот од над 400 страници со Бехтел и енка што е од стратегиски интерес не е јавно достапен.  Смета дека не треба да биде сокриен од јавноста, освен ако во него има клаузули што го прават таен.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски полни батерии на Огражден, „Вреди“ подготвуваат барања

Дејан Дејан

Обвинителството ќе ја истражува смртта на седуммесечното бебе, кое почина по операција во охридската болница поради повреда на главата

Дејан Дејан

За неколку дена ќе се знае каде ќе се прегласува – ДИК прифати приговори за седум избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе