Вести Македонија Топ вести

Во ек на празници дел од oвошјето и зеленчукот во маркетите го нема, на пазарите е без цена

Зголемувањето на цените ги испразни рафтовите со овошје и зеленчук во маркетите. Доматите, пиперките, краставиците и бананите од  денеска може да се најдат само на пазарите. Таму пак овошје и зеленчук има, цени на картонче на тезгата-нема. Граѓаните револтирани велат цените се до плафон.

Сликата на пазарите ширум земјава е иста. Може да се најде овошје и зеленчук, но со непозната сума. Пазарџиите за Телма велат дека Владата освен со граѓаните си поигрува и со нив, а не им се исплаќа да продаваат по замрзнувањето на цените.И во Тетово и граѓаните и пазарџиите револтирани.

Во ек на празници граѓаните брзаат да купат овошје и зеленчук за да ја наполнат велигденската трпеза, а инспекторите на терен прават проверки дали има производи на рафотвите и колку од трговците се придржуваат до цените.

Владата донесе одлука да ги зголеми замрзнатите цени на доматите за 95 денари, а исто толку ќе чинат и свежите краставици.Кромидот за 70 денари, а гравот ќе чини 95 денари. Бананите 75, а портокалите и лимоните по 60 денари. За 75 денари ќе може да се купат кило мандарини, а нешто над 100 денари ќе чинат пиперките и леќата.

Откако инспекцијата откри фалсификувани фактури за увоз на зеленчук и овошје со намалување на цени за да се намалт давачките кон државата, увозниците мораа да почнат да работат со легални увозни цени. Поради тоа увозната цена во пресметките на владата скокна за 30 % и ги зголеми замрзнатите цени. Контролата на 20-те најголеми увозници е во тек, изјави Ковачевски кој тврди дека државата ќе носи мерки за непречено снабдување по соодветни цени без да го нарушат пазарот. А на зелените пазари токму цената ја нема.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

68% од Македонците сакаат во ЕУ, половина од населнието не им верува на партиите, а сите се согласни дека сиромаштијата е најголем проблем на земјата

Дејан Дејан

Вреди обвинува за бугарски воз, ДУИ за мајоризација

Дејан Дејан

Бауш: Прво да се стави ред со трошењето дома, па потоа да се размислува за позајмици од една милијарда евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе