Вести Код Македонија Топ вести

(видео)КОД за штипскиот канцероген мазут кој се произвeдувал од отпадни гуми, а се користел низ Македонија како гориво во големи фабрики

Расфрлани  гуми, вреќи полни со црн прав, оставени да ги разнесува ветрот низ пасиштата, трњата и  дрвјата, во полупустински предел.  Ова не е сцена  од некој постапокталитичен филм, туку се случува на десеттина километри од центарот на Штип и на само два до три километри од селата Пенуш, Драгоево и Софилари. Среде пустелија е фабриката за горење на гуми и пластика САНС АГ, чијшто погон не работи за производство на  течно гориво. Но, иако не произведува мазут од горењето на гуми, општината се уште не и ја одземала Б Интегрираната дозвола. Во тек е втор обид да се одземе дозволата,  откако првиот во декември 2020 година не се реализираше иако по  вонредениот  надзор врз погонот за горење гуми и пластика „САНС-АГ“ увоз-извоз ДООЕЛ ШТИП беа утврдени пропусти,  Налогот беше издаден, но тогаш општина Штип не ја одзеде дозволата.

  • Пријавата беше доставена од Министерството за одбрана за да се утврди  какво влијание има преработката на гуми во гориво на лицата кои престојувале во воените објекти на Пенуш и Полигонот Криволак како и жителите од околните села. Стравувањето е дека сите тие дишеле канцероген воздух, бидејќи според инспекторите  инсталацијата не е целосно изведена, процесот не е затворен, а емисиите од согорувањето на гуми и пластика слободно се испуштаат во атмосферата.

Канцерогените гасови фурани и диоксини штетно делуваат на здравјето на луѓето и можат да предизвикаат трајни последици. Но и покрај ова постројката не е затворена.  Во Февруари државниот инспекторат за животна средина повторно прави инпекција . Мострите земени од царината покажале дека се работи за опасна материја отпад, а Б интегрираната дозвола е издадена на место кое е предвидено за пасиште, а САНС АГ нема гранични вредности за емисии во воздухот.

  • „Од анализите што ги добивме од Царинската управа , односно од Институтот МОЛ во Белград, тие покажуваат дека се работи за опасен отпад“, рече Стојковски на 17 февруари 2023 година.

Второто барање за одземање на Б интегрираната дозвола и за втор вонреден инспекциски надзор  од Државниот инспектора за животна средина во Скопје до зградата на Општина Штип патуваше точно еден месец. По што двајца инспектори, првиот локален, а вториот државен излегоа на терен.

Инспекторите за животна срдина ја завршиле својата работа, но се чека и извештајот на пазарниот инспекторат. Во четвртокот пазарните инспоектри бил  на адресата на САСН АГ на улица Боро Милевски , но тоа било домот на сопственикот на фирмата. Бидејќи не им се доставени сметководствените документи, тој тоа ќе мора да го направи во понеделник . Од таму ќе се види кому оваа штипска фирма продавал опасен течен отпад.  Земени се мостри од 19 контејнери кои го содржат течното гориво. КОД провери во регулаторната комисија и оттаму велат дека оваа фирма нема лиценца за трговија со мазут.

Според истражувањата на КОД се работи за продадени  224 тони од течноста која е канцероген отпад. Кој го купил и каде завршил за сега нема официјален одговор. Но според извори на КОД за сега две фактури покажуваат дека канцерогената материја е купена од фирма која е вусшност најголемиот снабдувач на мазут на ЕСМ .  Иако не смеела да купи бидејќи САНС АГ нема лиценца за продажба на мазут, оваа фирма купува опасен отпад и го носи во ФЕНИ.  Наместо како отпад материјата е декларирана како мазут . Тој завршува во печките на ФЕНИ- во воздухот се шират канцерогените материи фурани и диоксини кои се штетни за здравјето на луѓето. Бидејќи не е затворан истрагата не се знае точно колкава количина е потрошена во Фени или на други места.

  • При надзорот беше утврдено дека инсталацијата не е целосно изведена, процесот не е затворен, а емисиите од согорувањето на гуми и пластика слободно се испуштаат во атмосферата. При такви процеси вообичаено се испуштаат канцерогени гасови (фурани и диоксини), кои делуваат на повеќе органи и предизвикуваат трајни последици, се вели во соопштението од инспекторатот.

Жителите на селото Драгоево, кои егзистираат од стока и житни култури пред камерата на Телма се жалеа дека, додека работела фабриката воздухот мирисал на запалени гуми и плин.

МГС тон Миланчо Томов жител на село Драгоево почнува од 15 секунда ама коа работе завршува на 23 секунда иако не работе

Се уште на земјата која требало да биде пасиште се расфрлени остатоци од она што го гореле во погонот на САНС АГ. Црната пепел е јаглен, кој останал од горењето на гумите.

  • ,,Течното гориво добиено од горење на гумите се чуваше во цистерни на пелети, наместо да се чува на водонепропусна подлога, што истовремено ќе обезбеди доволен волумен за собирање на потенцијално излеана течност. Пепел од согорувањето, што потенцијално содржи токсични материи, беше собран во џамбо вреќи и складиран на земја во локацијата. Управителот на објектот информираше дека локацијата на која се врши складирањето на суровини и отпад е во процес на легализација, информираат од Државниот инспекторат за животна средина.

Според инспекторите  дозволата мора да се одземе, пазарниот инспекторат мора да пронајде кому му е продаван штетниот отпад деклариран како мазут , но казна треба да следува и за оние фирми кои купувале од САНС АГ,  иако знаеле дека нема лиценца.

Викторија Јованова Димитрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе