Вести Македонија Топ вести

Колку од препораките се реализирани – ќе го зачува ли Охрид статусот на светско наследство на УНЕСКО?

Измина рокот од две години  за спроведување на препораките за Охрид да го зачува статусот на град на УНЕСКО.

Невладиниот сектор критикува дека многу малку е реализирано во овој период, а Извештајот за состојбата со природното и културното наследство на Охридскиот регион испратен до УНЕСКО не ја отсликува реалната состојба.

„Многу хаотично е на сите страни. Јас како активист сакам да видам добра волја од надлежните за да ја сочуваме и природата и Охридското езеро, но да дадеме и една убава слика за урбанизацијата“ – вели Ндерим Положани, од НВО КАПС Струга.

Иако охридскиот градоначалник и министрите од Владата се судрија околу правните и бирократски лавиринти за  хотелот во Лагадин кој според препораките од УНЕСКО не смее да се гради затоа што е во заштитена зона, сепак Пецаков вели дека  соработката е на високо ниво и сите работат на зачувување на статусот што го има Охридскиот регион.

Дел од препораките се исполнети, тврди Пецаков и додава дека проблемите кои се таложеле со години не можат брзо да се решат.

Според него, најголем напредок е направен во делот на ставањето ред во урбанизацијата на градот

„ Факт е дека работите се поместени, ако за некоја работа имаме соработка со сите субјекти, тоа е дефинитивно темата околу УНЕСКО. Редовно се одржуваат состаноците на градоначалниците на трите засегнати општини и четирите министри и невладините организации. Факт е дека напредуваме,  но факт е дека работите зависат и од финансиските средства, рече Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

Значајно поместување нема ниту на албанска страна,  a  екологистите потсетуваат дека Албанија се уште не ги исполни препораките на УНЕСКО итно да се  отстрани јаловината од старите рудници од крајбрежјето  кај Поградец.

„На албанската страна има две јаловини. Мислам дека за една е предвидена реконструкција, а за втората нема соодветно решение и таму сè уште има компанија која работи. Од анализите кои ги правиме за рибниот фонд се гледа дека сè уште е присутен проблемот со тешките метали во езерото“, вели Аријан Мероли,  експерт за заштитени подрачја.

Охридското Езеро во 2021 година  привремено ја избегна опасноста да биде ставено на Листата на светско наследство во опасност.

Но, доби дополнителн рок да ги надмене сите потенцирани слабости. Извештајот е испратен до УНЕСКО, се очекува одлука дали Охридскиот регион ќе го зачува статусот.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицотакис кажа дека изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои победија на изборите се следат со загриженост

Дејан Дејан

Борба за „пратеник-плус“ и вкупно 27 приговори за изборите поднесени до ДИК – роковите течат, набрзо ќе се одлучува

Desk

Најавата за задолжување на Македонија со  кредит од  милијарда евра за експертите е загрижувачки потег

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе