Вести Македонија Топ вести

Павловска Данева во „Топ тема“: Невозможна е реформа ако секоја година менувате министри, тоа е бегање од одговорност

Политичката волја и искреност на една влада, особено на политичката партија која го добила мнозинството, се отсликува и во тоа колку е конзистентна во спроведување на политиките во одредени ресори и во поглед на тоа кои ресори одлучила да ги земе владеачката политичка партија, смета Ана Павловска Данева, професорка на правниот факултет, „Јустинијан Први“, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„За жал, последните министри не само што нема да можат да спроведат некакви реформи во рок од една година, бидејќи не постои државата во светот во која во една година се спровела било каква реформа, туку и претходните министри, конкретно за Правда и за Информатичко општество и адмнинистрација, ресори во кои се очекуваа клучните реформи на новата владеачка елита, не можеа да бидат спроведени. Впрочем, власта во 2017 година беше сменета врз основа на паролата „Нема правда, нема мир“, што значи дека најкрупните реформи ги очекувавме токму тука“, вели професорката Павловска Данева.

Статистиката, додаде таа, покажува дека од тој момент, до денес се сменети пет министри.

„Тоа значи за пет и пол години, шест или секој од министрите биле по точно една година. Значи не е дека само последниот ќе нема време, туку и претходните немале време. Дури и да биле способни и да сакале, не можеле да спроведат некакви реформи. Најдолг мандат имаше Бојан Маричиќ, нецели две години. Пораката што се праќа на електоратот, на граѓаните, е дека навистина не постои цврста политичка волја да се направи реформа. Оти не можете да ги менувате министрите на година дена и истовремено да ги убедувате гласачите дека сакате да спроведете реформа. Тоа е невозможно“, рече Павловска Данева.

Таа особено го потенцира ресорот Правда за кој рече дека СДСМ, во првиот момент на освојување на власта, го даде на коалиционен партнер.

„Тоа беше Билал Салии, кој донесе стратегија за реформа што беше оценета како извонредна од Европската комисија, меѓутоа тој немаше можност да ја спроведува. Беше сменет и на негово место дојде Рената Дескоска, па Бојан Маричиќ, па професорот Никола Тупанчески, за на крај, по една година, пак да го даде на коалиционен партнер. Пораката што се праќа е дека се бега од одговорност“, смета професорката од правниот факултет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе