Вести Свет Топ вести

Масакр во Германија – убиени најмалку осум луѓе, повеќемина се ранети

Во северниот германски град Хамбург во вооружен инцидент во центар на Јеховини сведоци, убиени се најмалку осум луѓе, а нема прецизна бројка за повредените. Германската полиција проценува дека имало само еден напаѓач, кој веројатно е мртов, а зошто го извршил злосторството за време на манифестација не е познато. Германски „Шпигел“ пишува дека станува збор за лице на возраст меѓу 30 и 40 години, кое било поранешен член на верската заедница Јеховини сведоци. Инцидентот, што се случил синоќа околу 21 часот, со својот мобилен го снимил младиот Грегор Мибах, кој живее во блиската зграда, вели дека случнал 25 истрели.

„Да, точно. Јас живеам овде горе и слушнав силни истрели. Затоа отидов до прозорецот за да ја видам ситуацијата. Потоа низ прозорецот видов како еден човек пука со огнено оружје. И го снимив тоа. Прво не ни сфатив што се случува. Затоа го снимав со мојот мобилен телефон. И дури преку зум сфатив дека некој пука во Јеховините сведоци. И додека го снимав тоа, сфатив што се случува“, изјави Грегор Мибах, очевидец на настанот.

Напаѓачот е идентификуван како Филип Ф., кој имал дозвола за огнено оружје, израснал во многу религиозно семејство во германскиот град Кемптен. Од безбедносни извори се дознава дека делото се смета за масовно убиство, бидејќи сите загинати имаат прострелни рани.

„Сторителот избегал на вториот кат кога пристигнала итната помош и подоцна се самоубил таму, така што зборуваме за вкупно осум смртни случаи. Меѓу жртвите е и седуммесечно бебе кое беше погодено во утробата на мајката“, истакна Енди Грот, министер за внатрешни работи на Хамбург.

Откако специјалните единици влегла во објектот, полицајците наишле на мртви и ранети, а потоа чуле истрел од горниот дел на објектот, каде е пронајден уште еден човек, за кој се претпоставува дека е убиецот. Непосредно по инцидентот беше издадено предупредување до населението за постоење непосредна опасност, кое утринава во три часот беше повлечено. Полицијата продолжува да врши потрага по евентуални други напаѓачи. Дополнително обезбедување имаше од страна на полицајци вооружени со автоматско оружје, а хеликоптер кружел над зградата каде беше извршен инцидентот. Градоначалникот на Хамбург, Петер Ченчер изјави дека е шокиран од настанот, тој им изрази сочувство на роднините на загинатите и вети сеопфатна истрага. Длабоко погоден од смртоносното насилство во Хамбург, сочувство изрази и германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер.

„Имаше страшен напад врз црква во поштенскиот кварт на Хамбург. Нападите се секогаш одвратни, но нападите на местата за богослужба, по дефиниција места на мир, се навистина шокантни. Како што рече канцеларот Шолц, ова е брутален чин на насилство“, рече Илва Јохансон, еврокомесарка за внатрешни работи

Инаку, Јеховините сведоци се религиозна група чии членови имаат забележетилена мисионерска активности во јавноста, нудат бесплатни курсеви за запознавање на Библијата и од врата на врата делат списанија како „Стражарска кула“ и „Разбудете се“.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(живо)Се очекува на разрешениот врховен судија Наке Георгиев да му биде определена мерка притвор

Дејан Дејан

Најмногу претставки за сексуална и родова припадност, намален е бројот на оние за национална и етничка припадност

Дејан Дејан

Меѓународниот суд во Хаг ќе бара налози за апсење за водачите на Израел и Хамас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе