Вести Македонија Топ вести

Ќе се гради или не на Лагадин, Бочварски бара да се почитуваат насоките од Управниот суд, Пецаков дециден- одобрението за градба не може да се поништи

Министерката за култура се обраќа на погрешна адреса, одговори на прозивките охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, кој беше повикан повторно да ги разгледа  активносите поврзани со изградба на хотел на охридското крајбрежје во  Лагадин, да постапи по препораките на националниот комисија  за УНЕСКО и да ја преиспита целата постапка. Пецаков пак вели, иако од 2016 година до сега Општина Охрид во 10 наврати го поништува одлуката  за градба,  по основ на  ненавремено известување за отпочнување со градежни активности,    сега нема можност за никаква интервенција затоа што Министерството за транспорт и врски донесе мериторна одлука и  го поништи решението на градоначалникот од 2022 година.  Со тоа Општината веќе нема право да одлучува, вели охридскиот градоначалник.-

  • Истото решение во 2017 е прогласено за ништовно, а  сега стапува на сила. Како да постапи Општина Охрид? Не разбирам зошто е повикот по мене и не знам зошто се доведеме во ситуација после 10 решенија да донесат мериторна и правосилна одлука, вели Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

Но, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вели дека со последната  пресудата на Управниот суд каде инвеститорот на хотелот во Лагадин поведе спор, Министерството за транспорт  беше задолжено да одлучи мериторно, а градоначалникот Кирил Пецаков, иако имал можност да најде друг основ да го поништи одобрението за градба,  тоа не го направи.

  • Во истата пресуда, Управниот суд како највисок орган, го задолжува министерството за транспорт и врски да постапи мериторно и дава можност на Општина Охрид да ја прегледа повторно постапката за издавање одобрение за градење и доколку има друг основ да го прогласи за ништовно одобрението за градење по друг основ.. Овде јасно се гледа незаинтересираност на Општината да го разработи детално целиот предмет и да додаде дополнителни аргументи за поништување на одобрението, вели Благој Бочвраски, министер за транспорт.

Бочварски рече дека нема да дозволи тој и Министерството за транспорт да бидат алиби за погрешните одлуки на општина Охрид, и го повика градоначалникот Пецков повторно да го отвори предметот и да ја разгледаат можност за нов основ за поништување на  одобрението за градба и му понуди помош доколку му е потребна.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денот на културата во сообраќајот – 11 Мај

Дејан Дејан

САД: Можно е Израел да го прекршил меѓународното право со користење американско оружје

Дејан Дејан

Променливо облачно и потопло со сончеви периоди, попладне локална нестабилност – Временска прогноза за 12.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе