Вести Македонија Топ вести

Само еден поен Македонија напредна во најновото рангирање на „Фридом хаус“

Со 68 поени, еден повеќе од лани, Македонија и натаму останува во групата делумно слободни земји. Во последниот извештај на Фридом хаус за состојбата со демократијата во светот,  политичките прва се оценети со 29, од можни 40, а граѓанските слободи со 39 поени од можни 60.

Ова ја сместува Македонија во група со повеќе земји од регионот. Албанија и Црна Гора имаат 67 поени, додека Србија и Косово имаат по 60 поени. Далеку од максималните сто поени, колку што имаат целосно слободни земји како Норвешка, Шведска и Финска.

Целосниот извештај за Македонија не е објавен, но генералната оценка на Фридом хаус е дека во 2022 година борбата за демократија се приближи до пресвртница.

Глобалната слобода се намалува 17-та година по ред, а воената агресија на Москва доведе до разорни злосторства со човековите права во Украина.

Повредата на слободата на изразување долго време е клучен двигател на глобалниот демократски пад. Во текот на последните 17 години, бројот на земји и територии кои добиваат оценка од 0 од 4 на индикаторот за слобода на медиумите в се искачи од 14 на 33, бидејќи новинарите се соочуваат со постојани напади од автократите и нивните поддржувачи, додека добиваат несоодветна заштита од заплашување и насилство дури и во некои демократии.

Фридом хаус пишува дека изминатата година донесе повеќе од иста состојба: слободата на медиумите беше под притисок во најмалку 157 земји и територии.

Сепак, како што пишува во извештајот, борбата за слобода опстојува со децении. Кога Фридом Хаус го издаде првото издание на своето глобално истражување во 1973 година, 44 од 148 земји беа оценети како слободни. Денес, 84 од 195 земји се слободни.

Иако демократизацијата забави и наиде на неуспеси, луѓето ширум светот, продолжуваат да ги бранат своите права од авторитарни напади.

Според звештајот, најнеслободна земја во светот со само еден поен е Сирија, исто како и Јужен Судан. На дното е и Северна Кореја со три поени.

Марија Дивитарова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе