Вести Македонија Топ вести

Инспекторатот за животна средина бара да и се одземе дозволата на фирмата САНС-АГ која прави токсично течно гориво

Државниот инспекторат за животна средина по вторпат од Општина Штип бара да се одземе Б интегрираната дозвола на фирмата САНС-АГ, која е на неколку километри од селата Пенуш и Софилари, а користи отпадни гуми за да произведе течно гориво. Извештајот од инспекторатот до  Општина Штип патувал  повеќе од еден месец.

Директорот на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски на 17 февруари на  прес-конференција посочи дека  инспекторите имаат увидено низа неправилности. Стојковски тогаш изјави дека и  по извршен надзор од Царинската управа на нивен производ без дeкларација и серификат за состав, биле земени мостри и утврдено e дека се токсични за луѓето и за околината.

„Од анализите што ги добивме од Царинската управа , односно од Институтот МОЛ во Белград, тие покажуваат дека се работи за опасен отпад“, рече Стојковски на 17 февруари 2023 година.

Инспекторите откриле неправилности и кај Б-интегрираната дозвола на САНС-АГ, зашто е издадена на парцела предвидена за пасиште и дека е без гранични вредности за емисии во воздухот. Затоа, какошто рече  Стојковски, инспекторатот  по втор пат  бара од Општина Штип преиспитување на дозволата.

Од „О2 иницијативата“ пак дополнуваат и дека во јуни 2021 и Државниот пазарен инспекторат доставил допис до инспекторатот за животна средина  за покренување постапка за одземање на лиценца на САНС-АГ, поради производство на производ кој го декларираат како мазут, а не соодветствува со параметрите на мазут, што е спротивно на Правилникот за квалитет на течни горива.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прв чартер лет на шпанска Ибериа на Скопскиот аеродром

Дејан Дејан

Министерот за правда Кренар Лога бара нова заклетва на Силјановска

Дејан Дејан

Претседателката на ЕК Фон Дер Лајен и со честитка и со потсетување до Силјановска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе