Вести Македонија

Во Делчево каде Македонците и Бугарите со години имаат соживот, без инциденти се одбележа и денешниот ден

Засилени полициски контроли има на граничниот премин Делчево-Станке Лисичков, но протокот на патниците од Бугарија е речиси минимален. Телма ги регистрираше редовните проверки на возилата, кои сакаа да влезат, но и да излезат од земајава

Поголема гужва на овој помал граничен премин се создаде по 8 часот, кога сиситемот почна да паѓа. Бугарските граѓани кои чекаа влез за Македонија велат дека целта им била денот да го поминат во Делчево, каде што редовно одат на стоматолошки прегледи и на пазар.

На 20 минути од влезот во Бугарија се наоаѓа пограничното градче Делчево, кое денеска го чествуваше својот патронен празник. И пред споменикот на Делчев засилено полициско обезбедување, но чествувањето на 151 година од роденденот на великанот Гоце Делчев опозицијата и власта поделени. Членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ половина час пред официјалната манифестација положија цвеќе и имаа пригодна реч.

За разлика од претходните викенди, кога Делчево е полно со бугарски граѓани, денеска денот е тивок, а резервациите од поголеми групи на туристи по хотелите се откажани.

Во општините во источна Македонија чествувањето на 151 години од раѓањето на Македонскиот великан Гоце Делчев помина мирно и достоинствено.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сашо Мијалков во четврток излегува од затвор

Дејан Дејан

Кина им забранува на американските компании да продаваат оружје на Тајван

Дејан Дејан

Извештај: Британските власти го прикривале скандалот со заразена крв

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе