Вести Свет Топ вести

Финансиски стимул за руските војници – 72.000 долари за првиот кој ќе уништи НАТО тенк, 215.000 долари за авион

Руската компанија „Форес“ соопшти дека ќе исплати 72.000 долари во кеш за војниците кои први ќе уништат или заробат тенкови од западно производство во Украина, а, исто така, по 7.200 долари за секој нареден таков подвиг. Кремљ вети дека руските сили ќе ги уништат сите западни тенкови што ќе бидат испорачани во Украина, пренесува „Ројтерс“.

Компанијата со седиште во Урал, која работи во рамки на енергетската индустрија, исто така, соопшти дека ќе исплати награда од 215.000 долари за уништен борбен авион од западно производство, ако тие некогаш му бидат испорачани на Киев.

Германија, САД и уште неколку европски земји се подготвуваат да испратат неколку десетици напредни борбени тенкови во наредните месеци, како помош во зајакнувањето на воениот капацитет на Украина. Портпаролот на Кремљ ја критикуваше таквата одлука како опасна ескалација и порача дека „тенковите ќе горат на линиите на фронтот“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе