Вести Македонија

Со стартот на второто полугодие се зголемија и гужвите во автобусите

Редуцирани автобуси – зголемена гужва, ваква е сликата деновиве на автобуските постојки и во автобусите на ЈСП. Со стартот на второто полугодие се зголемија и маките на граѓаните кои секојдневно се соочуваат со редуцирани и преполни автобуси, а тоа не ги поколеба надлежните на ова претпријатие да го зголемat нивниот број.

Од ЈСП без одговор дали имаат капацитет да пуштат повеќе автобуси, со оглед на дополнителната гужвата поради стартот на второто полугодие.

Од денеска јавниот превоз сообраќа по редовен зимски возен ред, односно редуцираниот зимски возен ред заврши со завршувањето на зимскиот распуст, што е пракса низ годините согласно Одлуката за линиски превоз на патници, велат од јавното претпријатие.

За градоначалничката Арсовска градот може да функционира и без приватните автобуси.

Проблемот кој требаше да биде само должничко-доверителен, а стана граѓански, заглави низ институционалните лавиринти. Приватните превозници со нивните барања ја чекаат трио средбата во Влада за решавање на проблемите, средба која стана историска.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МНР повикува на внимателност од страна на сите политички чинители- почитување на Уставните одредби, како и Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Величковски: Правникот знае дека преземањето должност во непостоечка држава “Македонија” значи “преземање” на непостоечка должност

Дејан Дејан

Путин го разреши министерот за одбрана Шојгу

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе