Вести Македонија Топ вести

Провокациите од Бугарија не запираат – Џамбаски бара враќање на ветото, Милков се жалел пред европските колеги

Скопје со забрана за влез во земјава за провокатори од Бугарија поддржани од Русија, Софија со нова закана за блокирање на европскиот пат на Македонија. Ова е резултатот од новото зовривање на страстите во двете земји по иредентистичката претстава на бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски и политичарот Костадин Костадинов, од сред Скопје, но и претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, за кое тој тврди дека е поради тоа што е Бугарин.

Во синоќешниот предлог од шефот на државата Пендаровски до владата да се прогласат за персони нон-грата еден бугарски европратеник и уште неколку лица кои со руски потпис работат на нарушување на односите меѓу Македонија и Бугарија, експресно се препозна токму Џамбаски.

„Вратете го ветото. Антибугарска, антиевропска, болшевичка, тоталитарна терористичка власт во РСМ треба да биде објавена за ’персонана нон-грата во Европската унија’. Македонија била и ќе биде Бугарска. Република Северна Македонија е нешто друго“, напиша Џамбаски на Фејсбук.

Додека македонските разузнавачки служби го информираа македонскиот државен врв за бугарските соработници на руските разузнавачки служби кои работата против добрососедските односи, бугарскиот технички шеф на дипломатијата ги убедувал колеги од земјите на ЕУ во Брисел дека во Македонија постои, како што рекол, силен антибугарски консензус меѓу владеачката партија и опозицијата.

„Ги информирав колегите министри за тоа што се случи во Охрид, но во подолг контекст. Не се работи само за овој инцидент, се работи за тоа дека има ескалација на тензиите и ескалација на притисокот врз бугарската заедница таму. Започна со усвојување на законодавна репресија врз бугарската заедница и нејзиното право на здружување“, изјавил Милков во Брисел.

Неговата заменичка Велислава Петрова пак со порака дека додека Бугарите во Македонија не бидат заштитени, Македонија нема да ги почне преговорите со Европската унија.

Колку се уште нерасчистениот инцидент со претепувањето на Христијан Пендиков ја зголемил тензијата во Бугарија покажува и тоа што Милков денеска беше ставен на дневен ред на бугарското Собрание да реферира за претепувањето на Пендиков, што денеска не се случи, додека десничарската партија „Преродба“ на Костадинов го искористи инцидентот да поднесе декларација до бугарските пратеници во врска, како што е насловен документот, агресивната антибугарска хистерија во Македонија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе