Вести Македонија Топ вести

Таравари: Шпекулации се информациите дека Ковачевски ми понудил две министерски места

Шпекулации се информациите дека Ковачевски до мене доставил две министерстки места. Органите на партијата ќе одлучат дали Алијанса ќе влезе во Влада. Ако се согласат за влез ќе се формира комисија која ќе преговара за министерски места и за кадровски решенија. Ќе биде организиран и внатрепартиски референдум за ставот на членството, информира лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари пред почетокот на денешната седница на централното собрание кое заседава по прв пат по конгресот од 24.12.2022 на кој тој беше избран за лидер откако претходно неколку месеци беше в.д. по оставката на неговиот претходник Зијадин Села.

Покрај избор на ново раководство, очекувањата се партијата денеска да расправа и за евентуален влез во Владата.

Ова прашање деновиве е во фокусот на јавноста, а во дел од медиумите се појавија и информации за распределбата на ресори односно министерства со кои би можеле да раководат кадри на Алијанса за Албанците.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицотакис кажа дека изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои победија на изборите се следат со загриженост

Дејан Дејан

Борба за „пратеник-плус“ и вкупно 27 приговори за изборите поднесени до ДИК – роковите течат, набрзо ќе се одлучува

Desk

Најавата за задолжување на Македонија со  кредит од  милијарда евра за експертите е загрижувачки потег

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе