Вести Македонија Топ вести

Блерим Беџети во „Топ тема“: Нема политички моментум за влез на Алијанса за Албанците во Влада, тоа е како СДСМ да прави понуда за ВМРО, а нема потреба

Сме имале и јавни настапи на сме се изјасниле „против“ вклучивањето на Алијансата за Албанците во владата, имајќи предвид дека владата има стабилно мнозинство од 64 пратеници, истакна Блерим Беџепи, организациски секретар на ДУИ во вечерашното издание на „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Не гледаме политички моментум зошто би се приклучиле кон владата. Ако има нешто вистина во тоа, бидејќи реално немам некоја информација, дека се тргнува една партија, се става друга, тогаш е нелогично оти е нечесно и некоректно кон партнерите со кои сме соработувале досега“, изјави Беџети.

Во ДУИ, вели тој, не е дебатирано на таа тема, иако лидерот Али Ахмети порачува дека е добро Алијанса за Албанците да влезе во владата, за осигурување на мнозинството и хипотетички, доколку т.н. „огнени“ направат пратеничка група и, условно, се одметнат од јадрото.

„Реално, не ги знам точните размислувања зошто е добро Алијанса за Албанците да влезе во владата. Секој си има свој личен став. Во партиски органи не е утврден став по ова прашање. Јас опстојувам на мојот став дека нема политички моментум за влез на Алијанса за Албанците. Тоа би било како СДСМ да прави понуда на ВМРО-ДПМНЕ, без потреба да биде дел од владата. Не е здраво ниту за нив, но, сепак, е легитимна одлука дали ќе бидат дел од владата или не“, потенцира Беџети.

Беџети истакна дека и со гласовите на пратениците од Алијанса за Албанците не се постигнува бројот од 80 пратеници, колку што се неопходни за уставни измени.

„Тие како партија и како пратеници се изјаснија дека ќе ги поддржат уставните измени. Ние цело време го објаснуваме ова, нека објаснат и тие, но нема политички моментум или посериозна криза за таков пристап“, повтори организацискиот секретар на „интегративците“.

Запрашан дали „огнените“ ќе поддржат влада во која остануваат Артан Груби и Бујар Османи, Беџети одговори дека не е пратеник и оти пратениците имаат право на сопствено мислење, било да е од владеачкото мнозинство или опозицијата.

„Не сакаме со задкулисни игри да се тргнат тие од владата. Ние сакаме по принципиелна основа – најпрво да дадат отчет за функционирањето, за целосното функционирање на органите во партијата. И со таков рез, бидејќи секој треба да даде отчет за сработеното или несработеното, ние сме заинтересирани, а не со помош на Алијанса, на друг или трет. Отчетот е врв на демократијата, но и обврска“, објаснува Беџети.

За давање отчет пред партијата, Беџети истакна дека имало две седници. Меѓутоа кога требаше и трета, која беше планирана во првата недела на декември, за жал не се одржи претседателство и не се успеало да се донесат заклучоци.

„Како прва точка беше предвидена како се одвива примената на албанскиот јазик, согласно законот за употреба на јазиците. Имаше и две верзии за сработеното на членовите на владата во делот на ДУИ, но, за жал, не се случи. Потоа излеговме на прес-конференција, а потоа и на разговори со базата“, рече Беџети.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе