Вести Македонија

Шест македонски здруженија потпишаа декларација „за унапредување на правата и слободите на Македонците во сите делови од Македонија“

„Јане Сандански“ или „Македонија“ така ќе се нарекува новиот македонски приватен клуб во селото Крумово во Општина Благоевград, а ќе го отвори 68 годишниот Борислав Божинов внук на Кирил Иванов од ОМО Илинден.

Целта е да се подигне самосвеста, како и признавање на Македонците во Бугарија. Божинов посочува дека во Пловидив живеаат околу 100.000 бегалци од Егејска Македонија.

„Решив да си отворам клуб во мојот двор, имам гаража голема е околу 30 метри квадратни и напролет ќе го оворам приватен клуб и да немам врска со државата и ништо. Клубот ќе се вика „Јане Сандански“ или „Македонија“, сеуште немаме решено како ќе се нарекува“ – вели иницијаторот за отворање на клубот, Борислав Божинов.

Кирил Иванов од ОМО Илинден вели дека иако бугарскиот суд го затвори клубот „Никола Вапцаров“, кој се отвори минатата недела во Благоевград под силно полициско обезбедување и провокации,  ситуацијата е нормална, што понатаму ќе одлучат во вторник, кога ќе имаат средба

Состојбата со македонското малцинство во Албанија е подобра оценува Васил Стерјовски историчар, но и пратеник во албанското Собрание.

Посочува дека во некој делови во Албанија се изучува македонскиот јазик, но изминатиот период во овие делови бугарската пропаганда е многу силна.

Шест ѐдруженија од Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Албанија и Косово денеска во Штип ја потпишаа декларацијата „За унапредување на правата и слободите на Македонците во сите делови од Македонија„, а во организација на Здружението „Мирка Гинова“ од Штип.

На големиот семакедонски собир во Штип  беше отворена и изложба на која беа презентирани и документи од Американските архиви за постоење на Македонците во XlX I XX век.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна по пристигнувањето на 1.000 полицајци

Дејан Дејан

Уапсениот врховен судија Наќе Георгиев е однесен во полициска станица

Дејан Дејан

Се прегласува на седум гласачки места – изборен молк на полноќ поради прегласување за парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе