Вести Македонија

Бројни измами на социјалните мрежи – најчесто со рекламирање лажни лекови

Добродизајнирани страници и огласи по портали, фејсбук продавници кои не се регистрирани како правен субјект,  различни манипулативни содржини на кои им недостига контекст се само дел од мноштвото свесно споделени измами со кои се соочуваат корисниците на социјалните мрежи.

Расте бројот на измами со рекламирање на лажни лекови, што посебно се забележува за време и по пандемијата со Ковид 19.

„Тие се промовираат и продаваат на најразлични начини или преку сајтови на интернет или преку социјалните мрежи каде што се користат за нивна промоција, но за жал тие се промовираат и преку информативните сајтови, пред се преку оние огласи под написите“ – вели Владимир Петрески од „Вистиномер.мк“.

Најголемиот продавач на вакви лажни лекови е меѓународна измамничка организација, вели Петрески.

Измислени интервјуа со Кедев се шират на социјалните мрежи за продажба на препарати за лицата кои имаат срцеви заболувања

Кои се механизмите за да ги препознаеме ваквите измами на социјалните мрежи и да се спротивставиме на дезинформациите кои земаат се поголем замав.

„Граѓаните може да препознаат дека станува збор за измама ако името на таквиот лажен лек го проверат на сајтот на Агенцијата за лекови, таму се наведени и има листа, база на  сите регистрирани лекови во нашата земја. И ако го внесете името на тој лек веднаш ќе видите дека тој лек не е регистриран што значи не ни може да се нарече лек и не смее ниту да се продава ниту да се промовира како таков. Следна индикација може да биде тие користат имиња на доктори специјалисти кои го промовираат лекот. Во некои случаи се користат имиња на вистински лекари и без нивна дозвола, но во најголем број случаи станува збор за измислени доктори“ – додава Петрески.

Во тој случај граѓаните би требало да го проверат името на лекарот на сајтот на Министерството за здравство каде ги има сите кои работат на територијата на нашата земја, додава Петрески.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врховен судија фатен со 10.000 евра

Дејан Дејан

Зоран Јовановски: Запалениот автомобил е порака од криминалците

Дејан Дејан

Цената на струјата ќе се намали, ако стигне понуда за поевтин мегават од сегашните 58 евра на ЕСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе