Вести Македонија Топ вести

Адвокатот на Боки 13 бара 30 дневен прекин на затворската казна за лекување

Еден месец наместо во Идризово да биде на болничко лекување. Одбраната на Боки 13 побарала 30 дневен прекин во издржување на затворската казна поради сериозни здравствени проблеми. За ова според законот треба да одлучи дикректорот на управата за извршување на санкции кој според законот може да дозволи прекин до 30 дена. Адвокатот на Јовановски, Владимир Туфегџиќ објаснува дека домскиот лекар во Идризово само декларативно тврди дека во затворот има услови да му се даде потребен здравствен третман а реално, нема и воопшто не му се дава соодветаната терапија, ниту се носи на задолжителна редвона контрола еднаш во неделата во хирушката клиника од крајот на септември

Ние не бараме од надлежните институции милост, ниту простување на казната, туку бараме да се примени строгиот здравствен режим кој лицето во овој момент мора да го прима и истиот е нужен од причина што е веќе наведено дека болеста има животно загрозувачки карактер. Тоа значи дека нема простор за идна хируршка интервнција бидјеки во таков случај ќе мора да се отстрани желудникот а со а самата операција е неизвесен исход по животот на пациентот, како што е наведено во конзилијарното мисење и во мислењето на стручниот колегиум, вели адвокатот Туфегџиќ.

Комплетната здравстена документација на Боки 13 е во рацете на директорот на управата. Одбраната очекува позитивен одговор. Управата сѐ уште не открива што утврдил вонредниот надзор во Идризово по претепувањето на Боки 13 минатата недела. Двајца осуденици го нападнале за време на прошетката со тупаници и боксови. Ресорниот министер очекува комеплетно расчистување и за кривична одговорност, и за дисциплинска.

Претходно и од Хелсиншлкиот комитет побараа од Управата за извршување на санкциите и КПД Идризово сериозно да испитаат дали Јовановски имал претходни расправии со други осудени лица, дали побарал преместување во други сместувачки капацитети поради безбедносни причини, дали во овој случај можеби има инволвираност и на припадници на затворската полиција, но и  соодветно да ги санкционира напаѓачите.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе