Вести Македонија

Георгиевска: Ќе ги искористиме сите механизми за да ги избереме уставните судии

Неодговорното однесување на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нанесува штета на судскиот систем на државата.Уставниот суд веќе работи на граница со кворум од пет од вкупно девет судии, а во ноември ќе му истече мандатот на уште еден судија.Додека не се изберат нови уставни судии државата може да влезе во уставна криза затоа што нема да можат да се носат нови одлуки и да се оддржуваат седници.Повеќе од една недела се одложува изборот на нови судии.

– Со денови пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата на секој можен начин го блокираат изборот на нови уставни судии. Типично за ВМРО-ДПМНЕ, секогаш кога се носат одлуки важни за правниот систем, тие опструираат, блокираат и се закануваат. Така беше и при изборот на државен јавен обвинител, така е и сега кога треба да се изберат уставни судии, обвини Георгиевска.

Георгиевска најави дека ќе ги искористат сите механизми во Собранието за да бидат избрани уставните судии и увери оти тие ќе бидат избрани.

– Ќе ги искористиме сите механизми во ова Собранието, уставните судии ќе бидат избрани, а Уставниот суд ќе работи во својот полн состав. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе биде поразено од страна на правдата, додавајќи дека ќе проба да ги убеди колегите да дискутираат, односно да се впуштат во суштинска дебата која ќе биде разумна, рече пратеничката Георгиевска.

Според неа, сите пратеници треба да покажат сериозност и одговорност, а политиките да ги остават на страна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе