Вести Македонија

Етничката припадност не смее да надвладее во балансерот?!

Етничката припадност не смее да надвладее при реформата на администрацијата на патот кон ЕУ, предупредуваат од Институтот за европска политика. Балансерот, што ја разбранува јавноста откако министерот Адмирим Алити, според податоците од последниот попис, пресметал дека треба да се зголеми процентот на вработени Албанци во државната администрација на 31,5 отсто, сметајќи го вкупниот број попишани Албанци, сосе дијаспората, мора да најде компромис меѓу нашите заложби  и европското законодавство.

Од ЕПИ укажуваат дека, патот на Македонија кон ЕУ е оптоварен со многу вакви, но и други посложени прашања, што резултираше со разочараност и недоверба кај граѓаните во Унијата.

Но, изборниот модел е нешто што е само домашна работа и не треба да се бара ЕУ да интервенира и тука. Унијата, преку ОБСЕ  ќе ги проценува институциите кои ги спроведуваат изборите, но нема недлежност во тој контекст. Изборниот модел е одлука на самата држава.Нивното истражување, пред и по националната дебата за изборните реформи, покажува дека, граѓаните бараат да бидат повеќе вклучени во изборните реформи. Главно се согласуваат дека треба да има една изборна единица на целата територија, но со утврден праг на минимален број на гласови за да се освои пратеничко место.

Далиборка Демјанска Цветановска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе