Вести Македонија

Нуредини: Ако се грееме со сè што е можно, ќе ги загадуваме нашите деца

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини упати апел во грејната сезона граѓаните да не употребуваат штетни материјали за греење за да се избегне загадувањето на воздухот. Апелот е по новинарско прашање како ќе се справи власта со оваа потенцијална опасност поради се повисоките цени на ресурсите за кои се користат за затоплување на простории.

  • Тоа не значи дека сите имаме потреба да грееме со сè што е можно, бараме сите граѓани да бидеме поефикасни да ја сочуваме енергијата. Поевтино е да се грееме со струја уште од палети и др. Но, тоа значи ако ние употребиме биомаса за греење да се грижиме кој квалитет е тоа и да не палиме сè што е можно. Мислам дека сме свесни и ќе се грижиме за нашата околина. Ако ние се грееме со сè што е можно тоа значи дека ние ќе ги загадуваме нашите деца и фамилии, изјави Насер Нуредини.

Тој потсети дека централната власт со повеќе мерки и активноси се обидела да влијае врз намалување на загадувањето.

  • Што сме направиле ние досега. Ние претходно сме давале субвенции за инвертери итн., но ние имаме сега Закон за амбиентален воздух кој вели дека општините заедно со централната власта треба да презема мерки ако има поголеми загадувања во тие општините. Тоа е реалност, ние за жал сме во енергетска криза не само во државата, туку и во цела Европа, рече Нуредини од тетовско Камењане, истакна Нуредини од тетовско Камењане каде беше по повод завршување на реконструкцијата на водоводот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе