Вести Македонија Топ вести

Денеска продолжува комисиската расправа за изборот на Јовески за уставен судија

На седницата што се одржа во петокот  заменик-координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова најави дека опозициските пратеници ќе имаат долги говори, и го повтори ставот на партијата дека не го поддржуваат Јовески да стане уставeн судија.

Таа потенцира дека тие колку што можат подолго демократски ќе го одолговлекуваат гласањето за него, сакајќи да спречат тој да стане уставен судија.

-Сметаме дека е одговорен за криминали и афери што тој не ги расчистил, рече таа, додавајќи дека Јовески, но и Татјана Васиќ Бозаџиева, која исто така е предлог на владејачките партии, не смеат да бидат уставни судии.

Денеска повторно членовите на собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата  треба да ја продолжат расправата за изборот на јавниот обвинител Љубомир Јовески за уставен судија.

Членовите на оваа Комисија изминатите денови дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер, и двајцата предложени од СДСМ.

Од предложените шест кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не доби поддршка. Партијата ги предложи Саво Климовски, универзитетски професор, Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и професорка Родна Живковска.

Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе