Вести Македонија

Антикоцкање на „ѕид на срамот“ ќе ги објавува имињата на организаторите на игри на среќа, издавачите на лиценци но и на политичарите

Имињата на лицата организатори на игри на среќа, меѓу кои и политичари, Движењето Антикоцкање планира јавно да ги објави.

Членовите со години алармираат дека коцкањето е се подостапно, затоа што на секој чекор има вакви објекти, па веќе неколку години бараат законски регулативи.

„Казината имаат два влеза и затоа тие објекти се викаат објекти на срамот. Ние сега нема да даваме рокови, туку понатаму ние ќе направиме еден ѕид на срамот каде што ќе бидат имињата на приредувачите на игри на среќа, имињата на тие што даваат лиценци, на тие што издаваат објекти и на крај ќе ги дадеме имињата на тие што играат во самите објекти“, вели Џемал Абдиу од Движењето Антикоцкање.

Велат дека донесувањето на нов Закон за игри на среќа постојано се одложува. Според нив, објектите треба да бидат дислоцирани надвор од населено место, а не само да бидат оддалечени од образовни објекти.

„Нашето барање е надвор од населени места, меѓутоа од убиството што се случи, нашето барање е исклучиво затворање и донесување закон кој ќе ги помести овие игри на среќа. Сите го поддржаа меѓутоа кога треба да се донесе законот, тука веќе тој закон ни се губи во лавиринтот на Собранието и не се прави ни кворум за да може да се гласа, додава Абдиу.

Од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа, пак, со реакција дека Движењето Антикоцкање со своите ставови бара државата да се откаже од милионски буџетски приходи, плати за вработени и поддршка на работни места.

Додаваат дека се општествено одговорни компании, па и самите доставуваат предлози за поквалитетно решение.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 5,8 степени во Тајван

Дејан Дејан

ЕК обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за Mакедонија

Дејан Дејан

Популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос и ова лето затворена за туристи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе