Вести Македонија Топ вести

Русковска вели дека Финансиската полиција им доставила предмети кои не ги барале, а барале стотина предмети по анонимни пријави

Обвинителката Вилма Русковска по поднесување жалба на одлуката за нејзината суспензија во Советот на јавни обвинители рече дека предметот за финансиската полиција отворен во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во моментот не е распределен и не знае што ќе се случува со него. Таа ја води предистрагата, веќе почнала со сослушување на сведоци, но поради суспензијата тие морало да се одложат.

– Во решението за моја суспензија е наведено дека предметите треба да ги предадам на колешката која е одредена согласно годишниот распоред, истата од 15-ти се наоѓа на годишен одмор и предметите не можев да ги распределам. А таа не може да ги работи бидејќи и против нејзе има дисциплинска постапка (Ивана Трајчева). А секој оној обвинител кој би ги добил овие предмети не знам како ќе постапува со оглед дека еве на мене што ми се случува, изјави Русковска.

За тоа до какви докази дошле со претресот во Управата за финансиска полиција, Русковска рече дека, не им биле доставени сите документите кои ги барале.

– Не дојдовме до докази зашто ние со претресот ги набројавме точно кои предмети треба да ни бидат доставени. Се работи за околу 250 – 300 предмети од кои ни беа доставени 30-тина, повеќето од кои воопшто не ги баравме. Сè уште нема доставено скоро ниту еден предмет од тие кои ги имаме побарано, изјави Русковска.

Според законот за кривична постапка, таа посочи дека, имаат право да бараат казнување на институцијата и казнување на одговорното лице и најави дека тоа и ќе го сторат.

За предлогот за поведување дисциплинска постапка против неа, Русковска рече дека од Комисијата се уште не и било побарано да се произнесе и посочи дека таа постапка трае подолго.

Русковска, нагласи дека ниту јавниот обвинител на РСМ, ниту јавните обвинителства можат да даваат насоки и укажувања по конкретен предмет.

-Од страна на ЈОРСМ не се вршеше надзор врз целокупната моја работа или на колешките, туку надзор исклучиво по овој предмет и по овој предмет ние добивме укажувања и сметам дека апсолутно е спротивен на законот. Законот е таков каков што е и мораме таков да го применуваме. Ако излеземе од рамките на кој било закон се создава многу лоша пракса, и сметам дека овој член и став се донесени исклучиво да се обезбеди професионално постапување на кој било јавен обвинител, изјави Русковска.

Прашана дали добила поддршка од колегите, Русковска, рече дека добила понуди за помош, но и поддршка од повеќе колеги обвинители од регионот, но и судии и адвокати од земјава.

Во однос на тоа дали се чувствува безбедно, и дали има закани по живот, Русковска рече дека нема закани сега за сега, што не значи дека може и да нема.

За претресот на 18 јули во Управата за финансиска полиција, директорот Арафат Муареми на 8 август годинава поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против сите обвинители за кои тие сметаат дека постојат основи на сомнение за сторени кривични дела при постапување.

Државниот обвинител Љубомир Јовевски, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа.

Јовески, како што информираа од Јавното обвинителство, поднел предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда.

Реакција од финасискатата полиција на Русковска: Нема 300, УФП најде уште 150 предмети и ја праша Русковска каде да ги прати откако трите обвинителки се прогласени за ненадлежни

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.

Дејан Дејан

Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот

Дејан Дејан

Денот на културата во сообраќајот – 11 Мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе