Вести Македонија

Вредни археолошки предмети пронајдени кај жител на струмичко Висока Маала

Полицијата приведе 39 годишен жител на Висока Маала, струмичко. Кај него се пронајдени вредни археолошки предмети. Станува збор за 276 монети, три врвови од копје, 10 прстени, како и други предмети кои претставуваат добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

Претресот се случил вчера, од страна на  полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал- Единица за сериозен криминал и кривични дела против културното наследство, во соработка со СВР Струмица.

Полицијата претходно имала сознанија дека 39 годишниот маж од струмичко Висока Маала има археолошки предмети кои се предмет на кривично дело по чл. 265 од КЗ „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

Прегледан е неговиот автомобил Опел Вектра каде се пронајдени арехолошките предмети кои претставуваат добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

39-годишникот е лишен од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сашо Мијалков во четврток излегува од затвор

Дејан Дејан

Кина им забранува на американските компании да продаваат оружје на Тајван

Дејан Дејан

Извештај: Британските власти го прикривале скандалот со заразена крв

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе