Вести Македонија Најважни

Османи ги кажа можните формулации на изјавите на Македонија и Бугарија за македонскиот јазик

Формулацијата „македонски јазик“ во преговарачката рамка за земјава ќе биде чиста, а во записникот од состанокот за старт на преговорите на Македонија со Европската Унија ќе влезат една бугарска и една македонска изјава како тие гледаат на него. Иако ќе влезат во записникот од состанокот, според шефот на дипломатијата, Бујар Османи, изјавите нема да имаат никаква правна тежина за преговарачката рамка, ниту би се појавиле некаде понатаму во некој документ во процесот на пристапување на земјава.

Османи денеска ги откри можните формулации на двете ијави.

„Мислам дека нивната е според Португалскиот предлог, да не грешам, тоа е нивниот став дека: ’Не постоел пред 1945, дека бил еден од нивните дијалекти’. Од наша страна – се уште не е дефинирано. Ако се оди по португалскиот предлог ќе треба да биде:  ’Македонскиот јазик е официјалниот јазик на РС Македонија којшто е… современиот македонски јазик е кодифициран во 1945 година како секундарна кодификација, не како примарна’“, рече Османи.

Османи кој денеска иако најави дека ќе држи брифинг за содржината на усогласениот протокол со Бугарија за спроведување на Договорот за добрососедство, кој доколку се прифати францускиот предлог, мора да биде потпишан пред земјава да ги почне преговорите, истиот го одложи со образложеие дека се уште има многу, како што рече, погрешни толкувања на предлогот кои мора да се разобличат. Сепак откри дека  протоколот вчера се доусогласувал во делот на роковите за уставните измени на земјава, согласно францускиот предлог, за што в понеделник ќе треба да се произнесе бугарсата страна.

Османи денеска ги повторуваше аргументите врз основа на кои вчера МНР и преопрачало на владата да го прифати францускиот предлог, во кои освен чиста формулација на македонскиот јазик, образожуваше и што е разликата меѓу Протколот од Договорот за добрососедство со Бугарија кој македонската страна не го прифати и членот 12 од истиот Договор, од кој произлегува протоколот, а кој е прифатлив за земјава.

„Во самиот договор стои член 12. Така што споменувањето на членот, кога веќе го имате договорт, нема веќе никаква правна логика. Ова е прашање за да се најде компромисно креативно решение во коешто ќе се  добие впечаток дека двете страни добиваат“, обајснуваше Османи.

На прашањето ако новедувањето на членот 12 во преговарачката рамка е само за перцепција, зошто тогаш не беше прифатлив протколот во драфт-верзијата, бидејќи тој произлегува од членот 12 – Османи со став:

„Протколот ми пречеше зошто? Затоа што Протоколот е продукт, тој е документ, како што е Договорот договор, Протоколот е веќе документ. Не сакав тој документ да биде таму. Но Договорот и неговиот член 12, тоа е иста реченица“, рече Османи.

Османи на денешниот брифинг малку помалку дипломатски од вчера ги образложуваше последиците за земјава доколку, како што рече, таа сега не се качи на последниот воз за Европката унија.

„Веќе почнаа официјално да се отовраат теми за нови унии, за нова политичка унија. Ако сега ние не почнеме, Албанија ќе почне со преговорите, ние ќе останеме. Бугарија оди на избори, со таквите анкети највројано нема да има влада во наредните година – две. Ова прашање ќе заглави и во наредните години и години. Тука ние ќе имплодираме од сите крижи можни, коишто ќе се појават од немањето песрпектива. Ќе познат тука тензии меѓуетнички, ќе почнат тензии меѓу различните категории граѓани“, предупредуваше денеска Османи.

Шефот на дипломатијата денеска информираше дека консултациите за францускиот предлог ќе траат онолку долго додека не бидат разјаснети сите прашања на јавноста, за што утре на агендата на владата за консултации с еопозициките по

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна по пристигнувањето на 1.000 полицајци

Дејан Дејан

Уапсениот врховен судија Наќе Георгиев е однесен во полициска станица

Дејан Дејан

Се прегласува на седум гласачки места – изборен молк на полноќ поради прегласување за парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе