Вести Македонија

Исар почна да ја чисти а пожарникарите ја изгаснаа депонијата Трештена скала

Штипски Исар почна да ја чисти, а пожарникарите ја изгаснаа депонијата Трештена скала, по пријавата на граѓани до Државниот инспекторат за животна средина.

Но освен чад, инспекторите на лице место затекнале  и отпад во неоградениот дел, а се складирал без никакаков ред и контрола.

ЈП „ИСАР“ Штип да  го спречи  чадњето  на  отпадот  во нестандардната депонија „Трештена  скала“,  и  во  иднина  да  вршiи континуирана контрола  за  да  не  се  појавува   повторно чадење, а во рок  од  30  дена  да  го  дислоцира отпадот кон  главното  депониско чело“ пишува во Решението на Државниот инспекторат за животна средина.

Депониите, кои се на ниво на ѓубришта континуирано го загадуваат воздухот. Овие депонии кои се во непосредна близина на градови и села постојано си чадат, причина е или самозапалување или подметнати пожари од собирачи на железо и пластика.

Локалните комунални претпријатии ги третираат со алги, но граѓанските активисти сметаат дека мора да се понудат трајни решенија.

Градоначалниците на источниот и североисточниот регион пак велат дека трајното решение е изградба на современата фабрика за отпад кај светиниколското село Мечкуевци, во моментов во тек е изработка на документацијата за затварање на постојните депонии.

Фабриката за отпад треба да се гради со европски пари, Свети Николе остана без ингеренции по ова прашање, бидејќи не сака да се гради депонијата кај Мечуевци

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кина им забранува на американските компании да продаваат оружје на Тајван

Дејан Дејан

Извештај: Британските власти го прикривале скандалот со заразена крв

Дејан Дејан

Либан прогласи тридневна жалост поради смртта на Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе