Вести Македонија

Тетовската локална самоуправа со најава за забрана на превозни возила во градот

Од 1 јули комбињата и автобусите кои вршат јавен превоз на патници нема да можат да застануваат на постојките во Тетово, туку ќе се упатуваат директно до автобуската станица. Тетовската локална самоуправа најави забрана за влегување на превозни возила во градот, а со тоа и да ги мотивира граѓаните да ги користат општинските автобуси.

Повеќемина од патниците, па и возачите, кои ги анкетиравме не се согласуваат со оваа одлука. Велат дека има лица кои не можат многу да пешачат, а користењето на општинскиот превоз дополнително би им го зголемил трошокот.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово велат дека до надлежните служби од Одделението за полиција, односно со инспекторите по сообраќај не е доставено никакво писмено барање, ниту известување околу најавената забрана.

Сектор за внатрешни работи Тетово: Секоја измена на сообраќајниот режим треба да и претходи изготвување на ревидиран стручен проект и согласност од МВР, а не да се преземаат чекори на своја рака и надвор од законски предвидената процедура. СВР Тетово секогаш е отворен за соработка со локалните самоуправи од подрачјето, но исклучиво во рамките на неговите законски ингеренции и важечките процедури и постапува согласно законите.

Од Секторот додаваат дека доколку службите констатираат законски неправилности адекватно ќе реагираат и ќе изготват пријави против сите кои ќе ја прекршат законската регулатива, без разлика дали станува збор за институции, правни или физички лица.

Данијла Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се празнува денот на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј

Дејан Дејан

Претпладне сончево, попладне нестабилно – Временска прогноза за 25.5.2024

Дејан Дејан

Цврста поддршка на Украина по неоправданата руска агресија- телефонски разговор на Силјановска со Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе