Вести Македонија

Парада на гордоста под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда“

Под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда“, денес ќе се одржи третата Парада на гордоста. Парадата започнува од 17 до 19 часот во збирното место, Паркот „Жена Борец“.

Протестниот марш по скопските улици ќе започне во 19 часот, веднаш по кратките поздравни говори. Парадата ќе продолжи со културно уметничка програма на Стадионот на АРМ, која ќе биде отворена со настап на овогодишната македонска претставничка на Евровизија, Андреа Коевска.

На стадионот на АРМ ќе настапи и оперската пејачка Наде Талевска, како и дрег кралици од земјава и од регионот. Свои диџеј сетови ќе имаат Андреј Мицајков, Јана Тодоровска, Мартина Пенева и Џинџер.

„Прајдот е крик во име на милионите луѓе соочени со социјално исклучување, нарушена телесна автономија и ограничен пристап до услуги кои се достапни за сите останати. Скопје Прајд, како и другите паради на гордоста, е празник на љубовта, ден на видливоста на маргинализираните и, секако, повод за славење на жилавоста на нашата борба за еднаквост“, порачуваат организаторите од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ).

Марштрутата  во 19 часот ќе започне од паркот „Жена-борец“ по улицата Димитрие Чуповски преку Рекорд, потоа на улицата Даме Груев и булевар ВМРО до крстосницата пред мостот Гоце Делчев. Таа ќе продолжи по булеварот Илинденска покрај Влада, потоа улицата Ленинова покрај арена „Тоше Проески“, а крајната дестинација е Стадионот на АРМ.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека денес, поради одржување на маршот, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците на централното градско подрачје на Скопје.

  • Секој има право на почит, достоинство, прифаќање без предрасуди и еднакви можности за самореализација. Затоа грижата и напорите кои ги вложуваме да обезбедиме афирмација и отворен простор за активно учество на ЛГБТИК+ заедницата остануваат наши патокази во градењето демократско општество кое практикува европски вредности и во кое има место за сите, напиша денеска на својот Фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додава дека во Македонија веќе е Законот за спречување и заштита од дискриминација каде влегоа и сексуалната ориентација и родовиот идентитет, а Комисијата за заштита од дискриминација за прв пат има лица и од граѓанскиот сектор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се празнува денот на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј

Дејан Дејан

Претпладне сончево, попладне нестабилно – Временска прогноза за 25.5.2024

Дејан Дејан

Цврста поддршка на Украина по неоправданата руска агресија- телефонски разговор на Силјановска со Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе