Вести Македонија Топ вести

Телма сторија: Судбините и парите за бенефициран стаж на шестмина здравствени работници заглавени во системот

Една година парите за бенфициран стаж на шестмина вработени во Здравствениот дом во Неготино се зарбоени на сметка на извршител.

Една од вработените доколку и бил исплатен во пензија ќе заминала во февруари, додека пак 62 годишниот Лазар Витановски очекува да замине во септември.

Приказната за петте медицински сестри и еден возач во Итната помош во Неготино почнува пред три години, кога ја тужеле институцијата во која се вработени за исплата на бенефицираниот стаж, a кој им следува согласно законот.

Парите за бенефицираниот стаж се заробени кај извршителот, од причина што, во вакви ситуцаии УЈП треба да направи налог да се повлечат парите од сметката на извршителот, но одговорот што го добиле тие и нивната бранителка е дека намало таков софтвер.

Управата за јавни приходи топката сега ја префрла кај Здравствениот во Неготино, но оттаму со одговор дека ангажиран е адвокат заради спогодбено плаќање на стажот, кој ги повикал сите кои тужеле и им дал предлог  спогодбено да им биде уплатен стажот, редоследно по старост на секој кој е најблиску до пензија.

Ваквиот начин им бил предложен за да не дојде до попречување на нормалното работење на Здравствен дом Неготино. Вработените не се согласиле на овој предлог по што извршителот ја продолжил постапката.

На вашето прашање Зошто и дали има правна и финансиска пречка да се реши проблемот, одговорот е;  Постои правна пречка заради којашто директорота на ЈЗУ Здравствен дом-Неготино не смее да ги повлече парите кои што се наменети за исплата на бенефицираниот стаж на шестмината вработени, бидејќи веќе е постапено по пресудите.Доколку директорот го направи тој чекор ги повлече парите од сметката на изврштелот со тоа истата ќе стори кривично дело Злоупотреба на службената положба и оваластување по чл.353 од Кривичниот законик,

Здравствените работници  и нивната бранителка побарале помош од сите институции, доставиле и претставка и до Министерството за здравство на која се уште немаат одговор. Парите за бенифициран стаж, но и судбините на овие медицински сестри и возач се зарбоени во системот, останува сега на потег Управата за јавна приходи.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе