„Ова не го сметам за суспензија на Русковска, туку за суспензија на правото и правдата. Без разлика што имаше соопштение дека предметите кои ги водев јас ќе продолжат со ист интензитет, после ова мене што ми се случи не верувам дека кој било колега сериозно ќе продолжи да постапува по истите“, изјави суспендираната обвинителка Вилма Русковска која ја предаде својата жалба за одлуката за суспендирање до Советот на јавни обвинители.
Доскорешниот директор на Управата за Финансиска полиција, Арафат Муареми поднесе оставка, а претходно поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против три обвинителки од Обвинителството за гонење организиран криминал за претресот во Управата неколку недели претходно.
Освен за Русковска, поднесени се пријави и против обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска кои го извршиле претресот во финансиската полиција.