Во последниот руски ракетен напад се убиени 14 цивили, соопшти гувернерот на градот Чернихив. Нападот бил извршен со три руски проектили кои удриле директно во центар на градот. Уништена е осум катна зграда, а жртвите се жители на зградата како и случајни минувачи.
Во обраќањето утрово, гувернерот на регион Чернихив, посочи: ,,Лошо утро во регионот Чернихив. Непријателот изврши три ракетни напади, во центарот на градот. Има мртви цивили и многу ранети. Во моментов работат спасувачи и лекари. Обезбедена е сета потребна помош. Штабот е формиран и потребна помош ќе биде обезбедена.”
Според истражувањето на BBC, од почетокот на воениот конфликт, се убиени 50.000 руски војници. Москва официјално не ја кажува бројката на загинатите војници и цивили, додека Британците известуваат дека цифрата на жртви е многу поголема.
Официјални информации за загинати војници и цивили нема, додека BBC се повикува на новинарските извештаи. Застрашувачка е бројката на загинати жртви, од почетокот на војната и изнесува 27.300.
Украина како и Русија, не соопштуваат податоци за загинатите. Во февруари, годинава, Володимир Зеленски изјави дека од почетокот на руската инвазија, загинале 31.000 украински војници.