Руските власти соопштија дека заклучно со последните извештаи на службите бројот на закинати лица во вчерашниот масакар се искачил на 115 лица. Над 100 други се повредени, од нив 9 критични, пренесува „BBC“.
Безбедносните сили успеале да уапсат четворица осомничени, по едно лице се трага.
Московкани денеска масовно излегоа да даруваат крв за повредените, додека спасувачите интензивно ги чешлаат урнатините на местото на концертната сала „Крокус“.
Претходно беше објавено и дека руската фудбалска репрезентација ќе дарува крв.
Пред концертната сала голем број луѓе изразуваат почит кон жртвите со полагање букети со цвеќе.
Црн чад се уште се крева од внатрешноста на зградата. Се уште распоредени се огромен број противпожарни возила.
Руските пожарникари ја поминаа цела ноќ во справување со пожарот, вклучително и со употреба на хеликоптери.
Она што беше едно од најпознатите концертни места во Русија сега е зона на катастрофа.