Вести Свет

Ал Малики: Хамас ќе поддржи технократска влада

Палестинскиот министер за надворешни работи верува дека Хамас го поддржува создавањето на технократска влада. Според него, милитантната група засега не треба да биде вклучена во ниту една коалициска влада.

Ријад ал-Малики, говорејќи два дена откако палестинскиот премиер Мохамед Штајех ја објави својата оставка, рече дека новата влада треба да ја преземе одговорноста и за Западниот Брег и за Газа. Додаде и дека владата во заминување не е „подготвена за таква одговорност“.

„Ние веруваме дека новата влада треба да преземе целосна одговорност заслужбите и акциите и на Западниот Брег и во Газа. Можеби актуелната влада која поднесе оставка, не се гледаше подготвена за таква одговорност. И затоа, мислевме дека на новата влада ќе се гледа како на влада која ќе преземе одговорност и на Западниот Брег и на Газа, бидејќи Западниот Брег и Газа треба да се гледаат и третираат како една територијална единица“, изјави Ал-Малики.

Палестинската управа, која ја претставува Ал Малики, раководи со Западниот Брег, но не и со Газа, која е под контрола на Хамас од 2007 година.

Хамас претходно ги повика сите палестински фракции да се соберат за да формираат нов владин состав.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел срамни со земја бегалски камп во Газа, петмина загинати во нападите во Рафа

Дејан Дејан

Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче и дека бил во бегство

Дејан Дејан

Генералштаб на Украина: Го уништивме ракетниот брод „Циклон“ на Крим

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе