Вести Македонија Топ вести

Домашното производство ја намали цената на краставиците и кромидот

Домашното производство во македонските оранжерии и на нивите ја намали цената на крставиците и кромидот.

Земјоделците велат дека веќе претстојната недела очекуваат цените дополнително и да паѓаат, бидејќи ќе се зголемува домашното производство на зеленчукот.

Цената на краставиците и на кромидот се намалени за разлика од пред Велигден, па на пазарите се продаваат од 60 до 70 денари, додека цената на доматот си останува висока, од 100 до 120 денари за килограми и за овој зеленчук не се почитува одлуката за замрзната цена која треба да изнесува 95 денари.

Но, според економистите ако одлуките се носат на краток рок ќе дадат некој минимален ефект, но долгорочно не може да бидат позитивни.

За разлика од претходно кога имало македонско производство, сега станува збор за голем процент на производи кои се увезуваат, па и ова влијае врз креирањето на цените.

Инспекторите на терен констатираа непочитување на меркте за замрзнување на цените на зеленчукот и на овошјето, а Министерот за економија, Бектеши најави дека по празниците ќе ги објави имињата на тие кои ја почитуваа одлуката.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе