Судот во Тетово му определи осумдневен притвор на анестезиологот кој од Гинекологија во тетовската болница во живо пренесувал болнички прегледи и активности на соџијалната мрежа ТикТок.
Осомничен е за две кривични дела, соопшти обвинителството:
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице за кривични дела – Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.2 во врска со ст.1, како и Неовластено снимање според чл.152 ст.2 од Кривичниот законик.
Осомничениот, како службено лице – анестезиолог вработен во ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, неовластено направил снимка од пациенти и вработени и ја објавил во живо на социјална мрежа, со што постапил очигледно несовесно во вршењето на своите овластувања и должности и потешко ги повредил нивните права.