Вести Македонија Топ вести

Предлог на ОРМ: Наместо замрзнување на цената на лебот, владата да одвои по 2.000 денари за најсиромашните

Замрзнувањето на цените на производите не може да трае вечно, особено во општество каде владее пазарот. Од организацијата на работодавачи велат дека ваквиот чекор поскапо ја чини државната каса, отколку да се преземеше обврска со која ќе се одвоеја средства со кои ќе им се помогне на најзагрозените.

Претседателот на Организацијата на работодавачите, Ангел Димитров, во изјава за ТВ24 предлага наместо замрзнување на цената на лебот, владата да одвои по 2.000 денари за најзагрозените категории на граѓани, оние со најниски примања и социјални случаи. Вака, вели, само се расправа со цело стопанство.

Според неговите пресметки, субвенциите за струја ја чинеле државата поскапо отколку што би ја чинело доколку парите ги наменела за помош на сиромашните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две лица со конго-кримска хеморагична треска хоспитализирани на Инфективна, кај едниот случај е пријавено каснување од крлеж

Дејан Дејан

20-годишна девојка исчезна од својот дом во Мралино

Дејан Дејан

(Видео) Кулеба и Блинкен јадеа пица во Киев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе