Вести Македонија

Уапсени двајца македонски државјани на границата со Грција

Двајца државјани на Македонија биле уапсени во Грција, а потоа исите се и  осудени на затворска казна, откако грчката полиција минатата недела, при претрес на граничниот премин Дојран,  пронашла 599 фалсификувани бланко документи.

Од грчката полиција соопштија дека двајцата мажи биле уапсени откако им била извршена проверка при влезот во Грција, а кај едниот, во поставата на јакната пронашле вкупно 440 бланко документи кои биле скриени. Од 440 пронајдени примероци имало лични карти, возачки дозволи, дозволи за престој од разни европски земји, а истите биле веднаш одземени. При претресот на возилото во багажникот биле пронајдени уште 159 празни документи, кои исто така биле конфискувани.

Тамошниот Прекршочен суд ги прогласидвајцата за виновни, а истите се осудени на затворска казна од пет години. Според АНА-МПА двајцата обвинети за време на рочиштете не откриле детали за нивните активности.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР дел од кампањата Амбер Алерт Европа за подигање на свеста за брза реакција при исчезнување на дете

Дејан Дејан

Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија Скопје – Крф

Дејан Дејан

(живо)Се очекува на разрешениот врховен судија Наке Георгиев да му биде определена мерка притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе