Останато Спорт

Заборски петти на ЕП во Задар, машкиот тим во борби го освои 7.место

Најдобро рангираниот македонски каратист Петар Заборски остави најдобар впечаток со освоеното 5.место(-75 кг) на Европското првенство во Задар.

Заборски имаше две директни борби за да освои медал, после три убедливи победи во елиминацискиот дел тој беше оштетен во последните секунди од полуфиналниот натпревар. На Заборски не му беа досудени две рачни техники за поен на 15 секунди до крајот на борбата со домашниот репрезентативец Иван Мартинец од Хрватска, кој потоа стана и европски првак. Во борбата за бронзениот медал, против Тијаго Дуарте од Португалија, Заборски загуби со минимален резултат 1-2 и заврши како петтопласиран

Резултати на Европско првенство:

Борби, мажи
-75 кг
Петар Заборски – Даниел Сантионеану (Романија) 2-0
Петар Заборски – Евангелос Серметакис (Грција) 2-1
Петар Заборски – Давид Подсклан (Словачка) 1-0
Полуфинале
Петар Заборски – Иван Мартинац (Хрватска) 0-3
За бронза
Петар Заборски  – Тијаго Дуарте (Португалија) 1-2

-84 кг
Петар Спасеновски – Фредерико Лопез Салас (Норвешка) 7-4
Петар Спасеновски – Тургут Хасанов (Азербејџан) 1-3

+84 кг
Данило Божовиќ – Матиос Стијану (Кипар) 3-3

-55 кг
Симона Заборска – Елена Березовскаја (Молдавија) 3-0
Симона Заборска – Александра Џикиќ (Србија) 0-4

-68 кг
Ангела Мојсовска – Лине Зачо Кудсен (Данска) 2-0
Ангела Мојсовска – Влера Керими (Косово) 2-2

Македонскиот тим во кумите заврши на седмото место на турнирот. За тимот настапија : (Петар Заборски, Петар Спасеновски, Витомир Трајковски, Стефан Стојановиќ, Данило Божовиќ (сите од Макпетрол) Емил Павлов – Штип, и Мурсел Мисини – Башкими)

Машки кумите тим:
Македонија – Германија резултат 2-2 (Стефан Стојановиќ ремизираше , а победија Витомир Трајовски и Петар Заборски)

Македонија – Србија резултат 3-1( победи остварија Петар Заборски, Петар Спасеновски и Витомир Трајковски

Македонија – Италија (четвртфинале)  0-3
Македонија – Украина (репасаж)  0-3

Женски кумите тим
Македонија – Украина 2-0
Македонија – Франција 2-3,

Од карате клубот Макпетрол на ова првенство имаше вкупно осум спортисти. Од тоа во поединечните категории пласмани изборија пет спортисти од вкупно 10 категории. За тимовите во борби и во машка и во женска конкуренција, најбројни беа спортистите на Макпетрол.

На ЕП земаа учество 601 натпреварувач од 51 држава.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарите безбедно слетаа во Скопје: Посилни сме од громовите

Дејан Дејан

Вардар потпиша со украински репрезентативец

Дејан Дејан

Барди дефинитивно нема да игра против Хрватска и Чешка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе