Вести Свет

Зеленски: „Америко, ти благодарам“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес за усвојувањето на законот за воена помош за Украина во вредност од 61 милијарда долари.

– Благодарен сум и на двете страни, на Претставничкиот дом, и лично на претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, за одлуката историјата да се стави на вистинскиот пат – напиша Зеленски на платформата „Икс“.

Тој посочи дека демократијата и слободата секогаш ќе значат нешто во светот и дека „никогаш нема да пропадне се додека Америка помага да се зачуваат тие вредности“.

– Законот за помош на Украина на САД го усвои Претставничкиот дом, кој ќе го спречи ширењето на војната, ќе спаси илјадници животи и ќе помогне да ги направиме нашите нации посилни. Мирот и безбедноста се постигнуваат само со сила – нагласи Зеленски.

Тој додаде дека се надева дека законот ќе биде поддржан во Сенатот и ќе биде испратен до американскиот претседател Џо Бајден.

„Америко, ти благодарам“, додаде тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Спасени две лица кои со „четвороцикл“ излетале во провалија на Шара

Дејан Дејан

Прв чартер лет на шпанска Ибериа на Скопскиот аеродром

Дејан Дејан

Министерот за правда Кренар Лога бара нова заклетва на Силјановска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе