Вести Свет

Најмалку 58 лица го загубија животот при потонување на брод во Централноафриканската Република

Најмалку 58 лица го загубија животот кога преполнет брод потона во реката Мпоко во регионот на главниот град на Централноафриканската Република – Банги.

Голем број од патниците на бродот се исчезнати. Светските агенции, повикувајќи се на Владата на ЦАР, јавуваат дека луѓето со бродот оделе на погреб.

„Успеавме да извлечеме 58 безживотни тела од реката, но нема поим колку луѓе има под водата“, изјави за радио „Гира“ генералниот директор на „Цивилна заштита“, Томас Џимас.

Четириесет минути по трагедијата на местото на настанот пристигнале првите спасувачки екипи на владината служба, со која тој раководи.

Според изјавите на очевидците и видеата дистрибуирани на социјалните мрежи, бродот превезувал повеќе од 300 луѓе, што е далеку над неговиот капацитет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина 13-годишно момче од Битола, причини за смртта сè уште непознати

Дејан Дејан

Кина и Камбоџа се подготвуваат за заеднички воени вежби

Дејан Дејан

Каде ќе се прегласува на парламентарните избори – ДИК одлучува за приговорите

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе