Вести Свет Топ вести

Растат тензиите меѓу Иран и Израел, ескалира војната во сенка

Луфтханза ја продолжи суспензијата на летовите до Техеран поради безбедносни причини откако Ескалира војната во сенка меѓу Иран и Израел.

САД пак им забранија на своите службеници во Израел да патуваат надвор од поголемите градови. Техеран го обвинува Израел за нападот врз иранскиот конзулат во Сирија и се заканува со „одмазда“.

Двете земји со децении имаат непријателски односи. Од почетокот на војната во Појасот Газа, Израел ги засили своите напади нападите врз сојузниците на Техеран во Либан и во Сирија, а при воздушни напади врз иранскиот конзулат во главниот град на Сирија, Дамаск, на почетокот на април беа убиени и седум високи членови на иранската револуционерна гарда.

Иран, Сирија и Русија го обвинија Израел за нападот. Израел не се изјасни во врска со обвинувањата.

Командантите на иранската Револуционерна гарда играат клучна улога во обуката и финансирањето на милитантите од Хезболах во Либан, кои се одговорни за безброј напади врз Израел.

Како реакција на нападот врз конзулатот во Дамаск раководството во Техеран се закани дека ќе ги земе на нишан израелските претставништва во странство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе