Вести Свет Топ вести

Кина се спротивставува на одлуката на САД, за компаниите кои се најдоа на „црната листа“

Властите на САД ставија четири кинески компании на „црната листа“ за извоз, поради сомневање дека извезуваат чипови со вештачка интелигенција, кои се користат за да се олесни работата на Кинеската војска. Властите на Кина ја осудија одлуката преку изјава на Министерството за надворешни работи во Пекинг.

  • ,,Ние цврсто се спротивставуваме на одлуката на САД, за злоупотребата на контролата врз забраните за извоз, како и списоците на компании кои се спречени. САД треба да престанат да ги политизираат, инструментализираат и да наштетуваат на економските и трговските прашања. Кина ќе ги преземе потребните мерки за да ги заштити легитимните права и интереси на кинеските претпријатија”, изјави Мао Нинг, портпаролката на МНР на Кина.

Пред санкциите, лидерите на САД  и Јапонија изразија загриженост за зголемената агресивност на Кина во Тајванскиот теснец, како и на јужните и источните граници во Кинеското Море. Портпаролката на МНР на Кина, Мао ја искритикува оваа изјава оценувајќи ја за кршење на нормите од меѓународното право и мешање во внатрешните односи на државата.

Теа Димковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе