Иран ќе возврати на ракетирањето на својот конзулат во главниот град на Сирија, Дамаск за кој се сомнева дека го сторил Израел, порача иранскиот претседател Ебрахим Раиси, ден по нападот во кој беа убиени седум ирански воени команданти.
„Имајќи во предвид дека не успеа да ја уништи волјата на фронтот на отпорот, ционистичкиот режим повторно ги стави убиствата пред признавањето на одговорност на својот дневен ред за да се спаси. Израел мора да знае дека никогаш нема да ги постигне своите цели и дека ова кукавичко злосторство нема да остане без одговор“, рече Раиси.
Ирански воени постројки во Сирија веќе подолго време се мета на Израел. Вчерашниот беше прв во кој е погоден и големиот дипломатски комплекс вцо Дамаск. Портпаролот на израелските сили одби да даде коментар.
Израел ги засили ударите, паралелно со својата мисија против палестинската милитантна група Хамас која ужива поддршка од Иран. Со нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, во кој според изралески извори загинаа 1.200 луѓе и земени 253 лица како заложници, започна војната во Газа.
Над 32.000 Палестинци се убиени досега во израелската офанзива во Газа, тврдат палестинските здравствени власти.