Вести Свет

Свечља: Околу 400 српски екстремисти се обучуваат на границата со Косово за агресивни напади

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља изјави дека околу 400 српски екстремисти се обучуваат во близина на границата со Косово и, според него, потребна е само наредба од српскиот претседател Александар Вучиќ за да започнат со агресивни напади.

Свечља за телевизијата „Њуз24“ (www.news24.al) изјави дека косовската полиција се подготвува да спречи какво било српско сценарио, но и да се соочи со агресијата, доколку е потребно.

Околу 400 српски екстремисти се обучуваат во областите околу границата со Косово и со наредба на Вучиќ можат да бидат активирани во агресивни напади, рече Свечља.

Косовскиот министер на полицијата се осврна и на прашањето за забрана на употребата на српскиот динар на територијата на Косово, за што рече дека Косово има за цел да биде „демократска земја, во која владеат редот и законот“.

Ние сме независна и суверена држава, и секако треба да бидеме нормална, независна и суверена држава. Ние не тежнееме кон ништо друго освен да бидеме демократска земја, во која владеат редот и законот. И, како и одлуката за динарот, така и претходните одлуки за регистерските таблички, за сметките за струја…, тоа се повеќе од нормални одлуки на земја која претендира да биде дел од Европската  унија и НАТО, рече Свечља.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прв чартер лет на шпанска Ибериа на Скопскиот аеродром

Дејан Дејан

Министерот за правда Кренар Лога бара нова заклетва на Силјановска

Дејан Дејан

Претседателката на ЕК Фон Дер Лајен и со честитка и со потсетување до Силјановска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе