По изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, и финската министерка за надворешни работи, Елина Валтонен, изјави дека земјата не ја исклучена можноста за испраќање странски војници во Украина во иднина, иако таа потенцираше дека „во моментов нема потреба од тоа“.
Според неа францускиот претседател Емануел Макрон ја направил вистинската работа кога ја натерал Русија да се запраша кои би можеле да бидат границите на западната поддршка за Украина.
Сега не е време за испраќање војници во Украина, ние дури и не сме подготвени да разговараме за тоа во оваа фаза.
Но, на долг рок, се разбира, не треба ништо да исклучуваме, пораша финската шефица на дипломатијата.