Вести Свет Топ вести

САД и Израел ќе одржат виртуелен состанок за да разговараат за Рафа

САД и Израел денеска ќе одржат виртуелен состанок на кој ќе разговараат за плановите на израелските вооружени сили за најавената копнена офанзива во градот Рафа во Појасот Газа.

Од израелска страна најавено е учество на министерот за стратешки прашања Рон Дермер, претседателот на Советот за национална безбедност Цахи Ханегби, претставници на Министерството за одбрана и разузнавачките служби.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека Израел продолжува да се подготвува за операција во Рафа, град кој се наоѓа на границата на Појасот Газа со Египет, за да постигне конечна победа во војната против палестинското исламистичко движење „Хамас“.

Меѓународната заедница, вклучително и САД, бара Израел да најде алтернативи за ваквите планови, стравувајќи од уште поголема хуманитарна катастрофа.

Во Ерусалим илјадници Израелци побараа оставка од Нетанјаху

А во Израел десетици илјади граѓани се собраа пред зградата на израелскиот парламент во Ерусалим и побараа оставка од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Демонстрантите вееја израелски знамиња и скандираа дека сакаат предвремени избори.

Присутните на протестот најавија четиридневни протести, вклучително и поставување шатори до враќање на сите заложници и итно распуштање на израелската влада.

Демонстрантите, исто така, го изразија својот гнев поради владината отстапка за ултраортодоксните мажи откако истече рокот за израелската влада да го реши долгогодишниот ќор-сокак  околу ослободувањето  од служење војска.

Врховниот суд, сепак, и даде рок на Владата до 30 април да поднесе дополнителни аргументи за ова прашање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Хамас потврди дека починал уште еден од заложниците киднапирани лани во октомври

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе