Вести Свет Топ вести

Прoдoлжува потрагата по малата Данка

Продолжува потрагата по двегодишната Данка Илиќ, која исчезна во вторникот во Бањско Поље кај Бор во Србија.

Дел од српските медиуми почнаа да објавуваат дека исчезнатата Данка била видена во придружба на две Романки во Виена.

Тие пишуваат дека полицијата синоќа стапила во контакт со нивните австриски колеги и му ги испратила на Европол сите информации и снимката.

Европол синоќа соопшти дека е активиран жолт аларм, што значи дека во потрагата по девојчето се вклучуваат 194 земји.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна во вторникот на 26 март околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор, а денеска е шести ден од потрагата по неа.

Меѓувреме, Амбасадата на Србија во Виена апелираше до своите граѓани кои живеат таму, во случај да ја видат малата Данка веднаш да ја известат српската или австриската полиција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба за „пратеник-плус“ и вкупно 27 приговори за изборите поднесени до ДИК – роковите течат, набрзо ќе се одлучува

Дејан Дејан

Дино Имери: Шопен за мене е предизвик заради дилемите околу интерпретацијата на неговите композиции

Дејан Дејан

Израел повторно со засилени напади врз Рафа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе