Вести Македонија Топ вести

Живот без вода, тоалет, канализација и асфалт – супстандардно секојдневие за најголем дел од Ромите во битолски Баир

Во супстандардни услови живее најголем дел од 800 домаќинства со околу 3.000 жители ромска популација на битолскиот Баир. Над 100 Роми во познатото Картон Маало имаат импровизирани живеалишта без пристап до вода, тоалет, канализација и асфалтен пат. Невладината „Преда“ за 3 години преку проект, финансиран од европските фондови покажа дека возможни се промени и подобрување на начинот на живот на оваа заедница. Со 150.000 евра обновени се 26 домови и легализирани 50 објекти.

„Преку примерот на реновирање на 26 објекти за подобрување на нивната енергетска ефикасност, покажавме дека не треба да чекаме да се донесат новиот ГУП, новиот ДУП, затоа што тоа кај нас е долготраен процес, можеме да почнеме полека со стихијни решенија“, вели Анастасија Трајковска, национален урбан експерт.

Но, несоодветните услови за живеење на ромската заедница сè уште се голем предизвик и има уште многу работа, велат од невладината „Преда“.

„Ние покажавме со имплементацијата на проектот дека има видливи резултати, но ова мора да продолжи дури и кога невладиниот сектор не е тука да ги повлече конците“, вели Климентина Ѓорѓиоска, проектна менаџерка на „Баир“.

Надлежните велат дека од сите приоритетни области од стратегијата за Ромите, домување е најтешко за реализирање, бидејќи се потребни најмногу пари.

„Од финансиските средства што ги одделува Владата преку Министерството за транспорт и врски, не може да се задоволат сите потреби на ромската заедница зашто сме свесни во каква ситуација е домувањето на овие граѓани. Затоа, ние како ресорно Министерство преку ИПА проектите и ЕУ Делегацијата се обидувавме наназад неколку години и добиваме финансиски средства“, рече Абера Камбери од Министерството за труд и социјална политика.

Покрај реконструкција на 26 домови, во рамки на проектот Баир, изработени се 12 влезни студии, предуслов за изработка на Генерален Урбанистички План за Битола. Исто така, се финализира изработката на три детални урбанистички планови за Баир, со опфат од 30 хектари, со што населбата влегува во урбанистички рамки за првпат по 25 години.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД се длабоко загрижени поради законот за „странски агенти“ на Грузија

Дејан Дејан

Украински проектил погоди ресторан во Доњецк под руска контрола, тројца загинати

Дејан Дејан

Севернокорејска хакерска група украла лични податоци од судот во Сеул

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе